📷 НАЈДОБРИОТ СВЕТСКИ ТЕНИСЕР ИЗБРКА УШТЕ ЕДЕН ТРЕНЕР Ѓоковиќ ја прекина соработката со Иванишевиќ

Јас и Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Нашата хемија на терен имаше свои подеми и падови, но нашето пријателство секогаш беше цврсто, објави Новак Ѓоковиќ.

770

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ по шест години ја заврши соработката со тренерот Горан Иванишевиќ. Иванишевиќ беше дел од тимот на Новак во периодот кога првпат почна да ја дели таа улога со Маријан Вајда, а последниве години таа работа ја работи самостојно.

„Јас и Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Нашата хемија на терен имаше свои подеми и падови, но нашето пријателство секогаш беше цврсто. Всушност, горд сум (не сум сигурен дека тој е) дека освен што заедно победувавме турнири, имавме и споредна битка во „Парчиси“ што траеше… долги години. И – тој турнир никогаш не запира за нас.






Шефињо, фала за се пријателе. Те сакам“ – напиша Ѓоковиќ во објавата на Инстаграм

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


Иванишевиќ беше со српскиот играч низ период на искачување и поставување рекорди по бројот на Грен слемови и Мастерси, а сега следуваше пауза.

Новак неделава тренираше во Белград, на теренот во Кошутњак го немаше Иванишевиќ, кој сите претходни години беше „сенка“ на српскиот тенисер, забележуваат српските медиуми.

Ѓоковиќ направи сличен потег во слично време од годината во 2018 година, кога го врати Маријан Вајда и ја прекина соработката со претходниот тим. После тоа, неговото враќање на патот на успехот започна по двегодишна криза. Своевремено, Новак Ѓоковиќ на сличен начин ја прекина соработката и со Борис Бекер.

Прекинот на соработката дојде во време кога Ѓоковиќ нема титула од почетокот на годината, а беше елиминиран во полуфиналето на Австралија опен од Јаник Синер и во третото коло на Индијан Велс од Лука Нарди, а настапот на Мастерсот во Мајами го откажа.

Поврзани содржини