НАЈДОБРИ СМЕ И ТРЕБА ПРВИ ОД РЕГИОНОТ ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ Премиерот Ковачевски е оптимист за евроинтеграциите

Во изминатите 11 години имавме едно алтернативно политичко владеење, кое се основаше на историско, културен, финансиски инженеринг и заврши така како што заврши - додаде премиерот Димитар Ковачевски.

211

Ние сме држава што во моментот е најдобра во регионот и секако дека и Европската Унија, којашто веќе го почна процесот за свое реформирање и ќе прима нови членки, сака да ја види земјата како дел од ЕУ оти оној што е најдобар треба и прв да влезе – рече премиерот Димитар Ковачевски на прашање да ја коментира најавената посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Македонија.

Премиерот Димитар Ковачевски е уверен дека ЕУ сака да ја види Северна Македонија како дел од европското семејство, со оглед на тоа што, како што вели, ние сме најдобрата држава во регионот.






Прашан дали фон дер Лајен доаѓа за да ја убедува опозицијата да гласа за уставните измени, премиерот рече дека на средбите ќе стане збор за скрининг-процесот, инвестициите, но и за продолжување на евроинтеграцискиот пат.

Тој рече дека не би користел зборови, како „убедување“, кога станува збор за посетата на Фон дер Лајен бидејќи такви споредби прави опозицијата. Наспроти тоа, Ковачевски рече дека во земјата пристигнува голем пријател.

Премиерот смета дека единствената идеја што секогаш ќе биде водилка на нашата држава е идејата за европска Македонија.

– Во изминатите 11 години имавме едно алтернативно политичко владеење, кое се основаше на историско, културен, финансиски инженеринг и заврши така како што заврши – додаде премиерот Kовачевски одговарајќи на новинарско прашање на отворањето на новиот објект за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини