НА ДЕНЕШЕН ДЕН ВО ЈАЈЦЕ БИЛЕ ПРИЗНАЕНИ МАКЕДОНЦИТЕ Зошто и како го славевме 29 ноември, Денот на републиката?

Празникот беше проследен со еуфорија. Паралелно со Денот на републиката, се колеа свињи во цела Југославија. Свињите и јагнињате се жртвувале во чест на братството и единството, пишува Телеграф.

2,064

Малку е познато дека денешниот ден, 29 ноември, некогашен Ден на републиката кој беше централен празник во Југославија е ден кога можеби за првпат на едно интернационално ниво во градот Јајце во Босна и Херцеговина, на второто заседание на АВНОЈ, биле признаени Македонците и Македонија како посебен и конститутивен народ во сопствена држава, заедно со Црногорците, Србите, Хрватите и Словенците.

Но, Денот на Републиката од една историска средба, каде Словенците предложија Тито да ја добие титулата Маршал и да се донесат одлуки клучни за идната федерација која прво била наречена ДФЈ, прерасна во народна традиција со една безмалку смешна балканска нота. Луѓето почнаа да ги комбинираат гозбите и колењето на свињите и јагнињата со празникот, да спојуваат викенди, а дури потоа правеа реки од колони по главните градови, Скопје, Белград, Загреб, за да ги видат манифестациите, сечењето на ленти, отворањето на фабрики …






Колење свињи во чест на братството и единството

Празникот беше проследен со еуфорија. Паралелно со Денот на републиката, се колеа свињи во цела Југославија. Свињите и јагнињате се жртвувале во чест на братството и единството, пишува Телеграф.

Се закажувале свадби, луѓето излегувале надвор

Кај младите луѓе во Југословија масовен обичај беше да се закажуваат свадби на тој национален празник, за прославата да биде уште поголема. Тоа беше единствениот настан што можеше да го избрка просечниот Југословен од дома во ден кога седи дома, јаде, пие и гледа партизански филмови.

 

Фотелјата на Тито пред малите екрани

Јајце со познатиот водопад задолжително се прикажуваше на ТВ екраните, слика од делегатот на Второто заседание на АВНОЈ, слика од Тито како седи во првиот ред, единствен меѓу луѓето што седи во фотелја, народните херои будеа спомени, а од 1964 година се доделуваше престижната награда АВНОЈ, а, беа правени анализи на напредокот на југословенската држава и економија на чело со Тито и комунистите, пишува Политика. Години подоцна рок-бендот „Забрането пушење“ иронично ја отсвире песната „Ден на Републиката“, покажувајќи дека и помладите генерации беа горди што станаа пионери.

Првачињата стануваа Титови пионери

Не беа запоставени ниту децата. Најголемото воодушевување владееше кај првачињата кои тој ден станаа пионери. Се правеа приредби во училиштата, се даваше заклетва, се читаа ансамбли со кои наставниците ги „мачеа“ учениците претходните денови за да се дојде до најдобрата можна химна на тема „Другар Тито“ …

Пионерите положуваа заклетва

Секој пионер добивал сина капа титовка, црвен шал кој постарите генерации го врзувале, а помладите добивале специјален прстен за таа цел и црвена пионерска книшка.

Повеќето поранешни пионери сè уште ги имаат во главите барем почетните стихови од „Свеченото пионерско ветување“:

Денес, кога станувам пионер,

го давам чесниот пионерски збор:

Дека ќе учам и ќе работам вредно

и ќе бидам верен и добар пријател;

Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина,

Социјалистичка Федеративна Република Југославија,

дека ќе го развивам братството и единството

и идеите за кои се борел Тито;

Дека ќе ги ценам сите луѓе на светот

кои сакаат слобода и мир!

Шангајки, адидас и пума

„Обично носевме „шангајки“, а ако некој беше побогат носеше „пума“ или „адидас“. Не се истакнувавме по скапите мобилни телефони, облеката, кои се тие и кои се нашите родители. Бевме слободни, се дружевме, си ја сакавме татковината, можеби бевме малку наивни. Да, обично се наивни луѓето кои се простодушни, без злоба во себе. Немавме поим кои години се пред нас. Расфрлани по светот, како што кажа некој, понекогаш се сеќаваме на нашето детство, на вакви денови. Ѝ благодарам на таа поранешна татковина, сега кога имам татковината, за среќното и безгрижно детство“, напишал човек од странство за сеќавањата на Денот на Републиката.

Поврзани содржини