НА ДЕНЕШЕН ДЕН КОЛУМБО СТАПНАЛ ВО АМЕРИКА Еве шест помалку познати факти за него

На своето патување во Америка, Колумбо ветил награда за првиот кој ќе го види копното. Тоа бил морнарот Родриго де Тријана. Тој го видел копното додека го чувал бродот Пинта, во 2 часот по полноќ и веднаш почнал да вика. Се разбудил остатокот од екипажот, а со пукотници го известиле Колумбо за новата вест. Колумбо подоцна излажал дека ги видел светлата на брегот неколку часа порано, обезбедувајќи си со тоа доживотна пензија од кралицата.

545

Стигна во Америка, a мислеше дека дошол во Индија. Италијанскиот морепловец, истражувач и трговец Кристофер Колумбо, желен за слава и богатство, се договори со шпанските владетели да му обезбедат бродови, луѓе и резерви, бидејќи на следното патување сигурно ќе го најде својот пат до Азија преку Атлантикот. Тој, се разбира, им го вети големото богатство што ќе го донесе од својата експедиција.

Кралот и кралицата, сопружниците Изабела од Кастилја и Фердинанд од Арагон, тогаш најмоќните и најуспешните европски владетели, го сакаа истото како и Колумбо – и се согласија тој да оди. Му обезбедија три брода, го унапредија во ранг на адмирал, во намесник на сите новооткриени области и му ветинја една третина од сите богатства кои ќе ги пронајде.






На денешен ден во 1492 година, Колумбо влезе во почвата на Новиот свет, а порталот 24сата пишува за помалку познатите факти за најголемиот истражувач во историјата.

Мислел дека стигнал негде меѓу Јапонија и Кина

Иако Колумбо е запишан во историјата како човекот кој ја откри Америка, и иако ја најде, Колумбо никогаш не веруваше дека го пронашол Новиот свет. Тој всушност бараше нов премин кон Азија, а новата земја до која стигна беше за него – Азија. Цврсто веруваше до крајот на животот дека стигнал во земја многу близу до Јапонија и Кина.

Лажел дека прв го видел копното за да земе доживотна пензија

На своето патување во Америка, Колумбо ветил награда за првиот кој ќе го види копното. Тоа беше морнарот Родриго де Тријана. Тој го видел копното додека го чувал бродот Пинта, во 2 часот по полноќ и веднаш почнал да вика. Се разбудил остатокот од екипажот, а со пукотници го известиле Колумбо за новата вест. Колумбо подоцна тврдел дека ги видел светлата на брегот неколку часа порано, обезбедувајќи си со тоа доживотна пензија, која шпанскиот крал и кралица му ја ветиле на првиот човек што ќе го види копното. Колумбо, се разбира, никогаш не ја видел ветената награда.

Ги продавал домородците како робови, кралицата го сопрела

Колумбо наводно бил длабоко религиозен човек, но тоа не било баш така гледајќи ги неговите постапки. Тој тргувал со робови. Уредно ги продавал луѓето од новооткриените земји, но наскоро се разочарал кога кралицата на Шпанија го забранила поробувањето на новите доселеници од неговите патувања.

Шест години ги убедувал кралевите да му дадат пари

Пред шпанските владетели да му ја одобрат големата авантура, тие размислувале шест долги години, а владетелите од други земји постојано го одбивале. Бил одбиен од англискиот крал Хенри VII и од кралот Шарл VIII од Франција. Кралските советници не верувале премногу во способностите и вештините на Колумбо, па ги убедувале своите владетели дека истражувачките пресметки на Колумбо се погрешни и дека патувањето најверојатно ќе биде огромно трошење пари.

фото: pixabay.com

Мислеле дека Земјата е рамна, дека ќе паднат од неа

Колумбо сметал дека неговиот најголем проблем е да најде пари за финансирање на патувањето. Но, кога конечно стигнал до него, сфатил дека има многу поголем проблем – да најде морнари. Имено, во тоа време никој сè уште не верувал дека земјата е тркалезна и сите се плашеле дека бродот ќе падне кога ќе стигне до крајот на земјината плоча и дека сите ќе умрат. Така, Колумбо се мачеше додека го најде екипажот.

Откако починал, неговите алишта шетале по светот

Остатоците на Колумбо одамна се селеле. Починал во Шпанија во 1506 година, а неговите посмртни останки биле испратени во Санто Доминго во 1537 година. Но, во 1795 година тие биле испратени во Хавана, а потоа во 1898 година биле вратени назад во Шпанија.

Поврзани содржини