На Борисов му пукна филмот: Во сиромашна Бугарија има три „бугати“ како на Роналдо, 241 „бентли“, 5.000 „поршеа“ ВИДЕО
Во сиромашна Бугарија има три „бугати“ како на Роналдо, дури 241 „бентли“ „ферари“ – 123, „мејбах“ има 54, „хамери“ 280, „јагуари“ близу 4.000 а „поршеа“ близу 5.000 „мекларен“ – 22, „ламборџини“ има 87, „масерати“ – 311, „ролс Ројс“ , најверојатно сме први во Европа со 84 вакви возила, објави премиерот Бојко Борисов пишуваат бугарските медиуми.
– Па, како што реков, ако некој бизнисмен можеше да ги задоволи вработените, тие можеа да намалат од 80 „ролс-ројса“ на 40. Сакам само да ги заштитам работниците – рече премиерот и ги повика бизнисмените да ги продаваат своите скапи автомобили за да ги сочуваат своите вработени во време на кризата, што тешко го погоди бизнисот – пренесува бугарскиот портал Факти.