НА БОГОРОДИЦА ИМА ГУЖВА И ДЕНЕСКА Се чека 30 минути за излез, кај Дојран 20 минути
„Треба да се патува преку Индија“, напишал еден човек во групата „Live from Greece“ каде Македонците и Србите разменуваат искуства за граничниот премин.
Навалата за викенд и одмор во Грција продолжи и денеска. На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин „Дојран“ околу 20 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија.
Состојбите на Богородица можат да се проверат на следниот линк.
„Треба да се патува преку Индија“, напишал еден човек во групата „Live from Greece“ каде Македонците и Србите разменуваат искуства за граничниот премин.
На другите гранични премини, според АМСМ, во моментот нема застои.