НАЈБОГАТИТЕ ДЕСЕТМИНА ВО ПАНДЕМИЈАТА ДУПЛО СЕ ЗБОГАТИЈА Ова е надвор од секоја мерка и секоја скала

Меѓу милијардерите, Илон Маск буквално десетпати го зголемил богатството, додека Бил Гејтс за само 30 отсто, или за третина од она што го поседувал.

1,895

Дупло побогати станале десетте најбогати луѓе во светот од почетокот на корона-пандемијата пред две години, пишува ДојчеВеле. Вкупното богатство Безос, Гејт, Илон Маск и останатите од 700 милијарди долари скокнало на 1,5 трилиони долари, односно тоа е сумата која тие вкупно ја заработуваат секој ден. Истовремено, короната втурна над 160 милиони луѓе во сиромаштија, со помалку од 5,5 долари дневно, а 21.000 луѓе на планетата умираат во едно деноноќие, вели извештај на организцијата Оксфам.

Меѓу милијардерите, Илон Маск буквално десетпати го зголемил богатството, додека Бил Гејтс за само 30 отсто, или за третина од она што го поседувал.






– Оваа година, она што се случува е надвор од секоја мера. Речиси секој ден се создава нов милијардер за време на оваа пандемија, во меѓувреме 99 отсто од светската популација е полоша поради заклучувањата, пониската меѓународна трговија, помалиот меѓународен туризам и како резултат на тоа, 160 милиони повеќе луѓе се втурнати во сиромаштија – вели Дени Срискандараја, главен извршен директор на Оксфам ГБ.

Од Оксфам обично објавуваат извештај за глобалната нееднаквост на почетокот на состанокот на Светскиот економски форум во Давос. Годинава тој се одржува онлајн поради пандемијата. Зборовите како „економско насилство“ и „родова нееднаквост“ ќе бидат во центарот на разговорите.

Форбс ги наведе 10-те најбогати луѓе во светот по следниот редослед: шефот на Тесла и Спејс Икс, Илон Маск, Џеф Безос од Амазон, основачите на Гугл, Лери Пејџ и Сергеј Брин, Марк Цукерберг од Фејсбук, поранешните извршни директори на Мајкрософт, Бил Гејтс и Стив Балмер, поранешен извршен директор на Оракл, Лери Елисон, инвеститорот Ворен Бафет и шефот на француската луксузна групација ЛВМХ, Бернар Арно.

Поврзани содржини