Како што откри Мајкл Санчез, братот на поранешната телевизиска водителка, денес позната како свршеницата на Џеф Безос, Лорен Санчез, за да се спасат од скандалот со компромитирачките фотографии на милијардерот, тие го обвиниле братот на Лорен и го обележале како главен виновник.
Братот на свршеницата на најбогатиот човек во светот Безос, Мајкл Санчез, тврди дека моќната двојка токму него го „жртвувала“ откако во јавноста протекоа фотографиите на кои е гол Безос. Санчез, чија сестра е во врска со Џеф Безос од 2018 година, тврди дека погрешно бил обвинет дека е тој ги проследувал фотографиите до медиумите, кои сопственикот на „Амазон“ ѝ ги испратил на својата љубовница Лорен Санчез на почетоците на нивната врска.
– Јас ѝ го чував грбот на мојата сестра и ѝ бев најголема поддршка од моментот кога се роди. Премногу пати сум „паднал“ наместо неа, а она што овој пат е што нашето семејство се распадна заради ова, но Лорен за тоа не се грижи – рекол Мајкл Санчез за „Дејл мејл“, тврдејќи дека во текот на истрагата федералните агенти потврдија дека тој не е виновен.
– Сега, кога ФБИ и приватните иследници на „Амазон“ потврдија дека никогаш не сум имал никакави фотографии со кои го уценуваа Џеф, она што очекувам е барем лично извинување. Но, Џеф и Лорен не ни трепнаа кога ме „фрлија под автобусот.“ Тажно, но изгледа дека нашата следна средба ќе биде на суд – додал Мајкл Санчез.
Но, извори од друга страна тврдат дека Мајкл Санчез сака и инсистира на јавно извинување на насловната страница на „Вашингтон пост“, чиј сопственик е Џеф Безос.
FOTO: Instagram