НА БОЦКАЊЕ САМО ЕДНАШ Данска ќе ни донира 250.000 вакцини „Џонсон“
Вакцината на „Џонсон“ е единствената вакцина која се дава во една доза, истакна министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска кажа дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250.000 вакцини „Џонсон и Џонсон“.
Таа е единствена вакцина која се дава во една доза, рече министерот.
Вчера, Министерството за здравство соопшти дека во земјава пристигнале 110.612 вакцини против ковид-19 од „Фајзер-Бионтек“, кои се купени преку Ковакс-механизмот, а до крајот годината е најавена испорака на уште 100.000 вакцини од овој производител.
Денеска Филипче соопшти и дека Комитетот за имунизација донел одлука да се препорача трета доза на вакцина кај граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници и трета доза кај пацинети кои имаат имунокомпромитирана состојба.