НА БЕСНЕЕЊЕТО ПО УЛИЦИТЕ МУ НЕМА КРАЈ Тинејџер со автомобил прегазил 72-годишна жена
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), жената се здобила тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Градската болница „Св. Наум Охридски“.
Тешка сообраќајна несреќа вчера се случила на улицата „Славеј Планина“ зад Скопската чаршија во главниот град кога 18-годишно момче со својот автомобил удрил во 72-годишна скопјанка.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), жената се здобила тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Градската болница „Св. Наум Охридски“.
„Вчера во 10:20 часот било пријавено дека на улицата Славеј Планина во Скопје, патничко возило ауди А4, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р. (18) од Скопје удрило во пешакот Ќ.У. (72) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ќ.У., констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, соопштија од МВР.