НА БЕРБА, НА БЕРБА, НА БЕРБА, МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ… Кој сака на берба на аронија?

Пред неколку дена скопјанецот Владимир Михајловиќ, на својата фејсбук страница објави повик кој гласеше отприлика вака: „Во наредните денови секој кој е заинтересиран може сам да си набере свежа аронија, непрскана и третирана само со органско ѓубриво Биохумус. Бербата започнува во 5 и 30 и трае до 11 часот“.

6,915

Бербата на аронија на плантажата на скопјанецот Владимир Михајловиќ во околината на Скопје почнува на изгрејсонце во 5 и 30, а завршува во 11, пред да почнат горештините. Пред неколку дена тој на својата фејсбук страница објави повик кој гласеше отприлика вака: „Во наредните денови секој кој е заинтересиран може сам да си набере свежа аронија, непрскана и третирана само со органско ѓубриво Биохумус. Следуваше и телефонски број за пријавување.

Се разбира, се јавивме, но не за берба, туку за муабет. Сепак, работна недела е, нели?






Нашиот соговорник Владимир го запознавме претходно како производител на висококвалитетно органско ѓубриво кое се добива со помош на калифорниски црви, па го прашавме прво што е со неговата фарма.

„Аронијата ми беше понудено да ја работам минатата година, а бидејќи се наоѓа во непосредна близина на мојата фарма, а станува збор за здрава супер намирница и лек, сметав дека е одлична можност за мене, да одгледувам нешто органско и природно, без хемија, со помош на својот производ. Плантажата ја земав за работа како 6-годишна, а сега е во полн ек и веќе дава убава количина и квалитет. Бербата ја почнуваме рано, на изгрејсонце и дневно успеваме да собереме и по 150-160 килограми. Секако дека не е лесно, со оглед на тоа што се собира зрно по зрно, а притоа треба да внимавате и да ги наберете само оние што се доволно созреани, другите остануваат за понатаму. А таа е вистинско чудо на природата, мислам дека ќе ја имаме до крај на август, такашто повикот е отворен за сите заинтересирани“, вели Владимир.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини