НА БЕН АФЛЕК МУ ПОПУШТИЈА НЕРВИТЕ Уловен како ѝ вика на поранешната сопруга (ФОТО)
Пред училиштето каде што учат нивните деца, тој имал жестока расправија со Џенифер Гарнер.
Холивудскиот актер кој ужива во повторната романса со Џенифер Лопез, папараците го уловиле во повеќе од непријатна ситуација, и тоа со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.
View this post on Instagram
Двајцата останале во добри односи по разводот, па така заедно се грижат за своите три деца – Вајолет, Серафини и Самјуел.
Всушност, веќе извесно време се шпекулира дека Џенифер Гарнер не ја одобрува интензивната врска помеѓу Бен и Џеј Ло, бидејќи смета дека Бен е повеќе посветен на другата страна отколку на своите деца, но актерката тоа во повеќе наврати го демантираше.
Да потсетиме, Бен Афлек од неодамна ја обнови романсата со Џенифер Лопез, па сега постојано привлекуваат внимание во јавнoста, а неретко папарацо фотографите ги уловиле“ како разменуваат нежнoсти.
- ФОТО: Инстаграм