НАЈАВЕНИ 3 ГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Деспотовски тврди дека се работи за сериозни инвеститори

Цел е да се донесат инвеститори и во делот на фармацијата, медицината и информатичките технологии.

736

Во тек се разговори за 3 големи инвестиции во делот на енергетиката. За едната од нив, се очекуваат детали во текот на наредните неколку недели, обелодени денеска директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски.

– Станува збор за доста сериозни инвестиции, детали соопштуваме како и досега откако ќе имаме веќе одредено ниво на постигнат начин на договор со инвеститорите, меѓутоа очекувам за едната од нив, за која што се разговара веќе неколку  години, детали и конкретен одговор да имаме веќе во наредните неколку недели – изјави Деспотовски.






Станува збор инвестиции кои, според Деспотовски, ќе имаат придонес кон стабилизација и зголемување на производството на енергија во земјава.

Во однос на продуктивноста и растот на платите во ТИРЗ зоните, Деспотовски рече дека нема да дозволат ситуација во која во компаниите кои користат државна помош за развој на вештини, продуктивноста да расте, а платите да заостануваат.

– Точно е тоа дека согласно анализата што ја направивме, во 2016 односно 2017 година растот на продуктивноста на трудот е многу поголем од растот на платите. По 2017 година, ситуацијата е обратна, односно платите растат со побрза динамика отколку растот на продуктивноста. И ако го гледаме целиот 10-годишен период од 2020 година, продуктивноста значително побрзо расте од платите, а тоа значи дека имаме уште значителен простор за раст на самите плати. Меѓутоа, она што е наша цел е да стигнеме во ситуација во која динамиката на раст на продуктивноста ќе ја следи динамиката на раст на платите – рече Деспотовски. 

Негова цел како директор на ТИРЗ, како што рече, е да се донесат инвеститори со повисока додадена вредност. Целта е да се донесат инвеститори во делот на фармацијата, медицината и информатичките технологии.

Поврзани содржини