Најавена пролетна чистка, следува нова политика во СДСМ

Станавме членка на НАТО, се движиме кон полноправно членство на ЕУ - потенцираше Заев.

1,028

Пролетна носи промени, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев најавувајќи пролетна чистка во партијата.

– Доаѓањето на пролетта го означува почетокот на нашата пролетна офанзива за нов пресврт на политичкото делување на СДСМ и Северна Македонија. Следува реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ ќе внесеме нова енергија на нашите редови ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започнатата борба, против високата корупција и организираниот криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓаните – порача Заев.






Тој додаде дека сите заедно ќе продолжиме по патот кој заедно да го чекориме.

– Станавме членка на НАТО, се движиме кон полноправно членство на ЕУ – потенцираше Заев.

Поврзани содржини