НА ЃАВАТО ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО Видливоста на овој премин е на 100 метри
На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози.
На планинскиот премин Ѓавато утринава има магла поради што видливоста е намалена на 100 метри, соопшти АМСМ.
На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива непречено по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.