На Антарктик регистрирани првите случаи на ковид-19

364

На Антарктикот, единствениот континент што не беше погоден од пандемијата со ковид-19, пријавени се првите 36 инфицирани лица, кои биле стационирани во чилеанската истражувачка база.

По тестирањето позитивни на новиот коронавирус биле  26 се припадници на чилеанската армија и 10 вработени во базата. Тие се префрлени изолација во чилеанскиот град Пунта Аренас и се во добра здравствена состојба.






Вирусот бил откриен и кај тројца членови на екипажот од бродот што е поддршка на базата откако се вратиле од Антарктикот.

Поврзани содржини