🎥 НА АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ Ѝ СЕ СЛОШИЛО НА СЦЕНАТА Пејачката го прекинала концертот во Крагуевац
Пејачката во еден момент добила вртоглавици, па направила мала пауза за да дојде до здив и да се разлади, пишува српскиот портал „Република“, чија екипа го снимила моментот.
Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ морала накратко да го прекине концертот во Крагуевац, бидејќи ѝ се слошило. Пејачката во еден момент добила вртоглавици, ѝ се свртело пред очи, па направила мала пауза за да дојде до здив и да се разлади, пишува српскиот портал „Република“, чија екипа го снимила моментот.
Александра набрзо се разладила и го продолжила концертот, а на сцената го донела бендот „Тропико“ и му се заблагодарила на фронтменот Сале и на другите членови на бендот.
– Ви благодарам многу што дојдовте, што се согласивте да излезете пред обожавателите. Знам дека публиката ве сака каде и да одите, а сигурна сум дека сега ќе направите хаос во Крагуевац – рекла Александра.
Пејачката во еден момент на сцената го поканила својот пријател, пејачот Среќко Кречар, кого го видела во публиката.
– Го познавам уште кога бев мала, би сакала да испееме барем една песна заедно ако не е проблем – рекла пејачката и нешто му шепнала, а тој се согласил.
– Добро вечер, Крагуевац. Ти благодарам – рекол Среќко и заедно со Пријовиќ ја испеале песната „Хеј, откад сам се родио“. Публиката уште еднаш ја разнежнила пејачката која почнала да плаче, иако повеќепати повторила дека нема да плаче.
View this post on Instagram