На 99 години побарал развод од сопругата: 70 години биле во брак

1,039

Џиан Еторе Гасани, претседател и основач на Италијанската академија за брачни адвокати, открил дека постојат разни случаи на развод и дека луѓето на возраст меѓу 50 и 60 години најчесто се одлучуваат на овој чекор.

Сепак, секогаш има исклучоци.






Италијанецот Антонио (99) и неговата три години помлада сопруга Роза се венчале во своите 30-ти години од животот. Љубовта траела сè додека тој не ги открил писмата на Роза во кои дознал дека неговата сакана го изневерерувала. Иако неверството се случило дури пред 60 години, Антонио не можел да ѝ прости.

По повеќе од 70 години брак, пет деца, десетина внуци и едно правнуче, Антонио одлучил да поднесе барање за развод, пишува „The Vintage News“.

– Секогаш се појавуваат некои случаи што не сме ги виделе досега, луѓето кои имаат дури над 80 години бараат развод за да можат да започнат нов живот – рекол Џиан Еторе Гасани.

Антонио и Роза така станале најстарата брачна двојка што некогаш поднела барање за развод. Пред нив, рекордот го држеше пар од Велика Британија. Берти и Џеси Вуд се разведоа во 2009 година по 36 години брак.

 

 

Поврзани содржини