На 7 години заработувала по 100.000 долари годишно, а нејзината смрт е најбруталното злосторство во историјата на Холивуд ФОТО

2,714

Џудит Барси била несекојдневно дете, голема детска ѕвезда во текот на 80-тите, а нејзината мајка за кариера почнала да ја подготвува кога имала само пет години.

Џудит е родена на 6 јули 1978 година, а родителите на ова некогаш славно девојче биле имигранти коишто се запознале во Лос Анџелес, каде што работеле.






Девојчето прво се појавило во неколку реклами, а не поминало многу време до првите улоги во филмовите и сериите.

Таа освен што толкувала улоги како онаа во „Jaws: The Revenge“, го позајмувала својот глас на ликови од цртаните „The Land Before Time“ и „All Dogs Go to Heaven“, а блескавата кариера во Холивуд ѝ била загарантирана.

До четврто одделение ова девојче заработувало по 100.000 долари годишно.

Благодарение на нејзината заработувачка, семејството купило куќа во Лос Анџелес, а иако сè звучи како почеток од бајките, сепак, ништо не било така како што изгледало.

Нејзините родители во еден момент сфатиле дека Џудит е премногу ниска за својата возраст, па почнале да ѝ даваат хормони за да „порасне“.

Со напредокот на кариерата на Џудит, животот на нејзиниот татко-алкохоличар бил сè полош. Тој бил во сè полоша состојба, па алкохоличарот се заканувал дека ќе го убие семејството и дека ќе се самоубие, откако прво ќе го убие своето семејство.

Заканите се нижеле, а Џозеф зборувал и дека ќе ја запали куќата. Не престанувало ниту физичкото насилство, но никој не реагирал.

Мајката на талентираното девојче го однела девојчето на психолог за да му помогне поради стресот со кој се соочувало, а локалниот центар за социјална работа оценил дека нема причина за загриженост.

Џудит заедно со својата мајка се преселила во стан, а само неколку недели подоцна полицијата пристигнала на нивната адреса поради трагичен повод.

Имено, на 25 јули 1988 година полицијата соопштила дека во еден стан пронашле тројца мртви.

Станувало збор за малечката Џудит, нејзината мајка и татко. Откако ги убил ќерката и сопругата, Џозеф се самоубил.

Ова злосторство е едно од најбруталните во историјата на Холивуд, особено поради фактот што девојчето тогаш имало само 10 години, кога сопствениот татко ја убил.

Do 10. godine zaradila je toliko da je već tada kupila obiteljsku kuću, a njezina  smrt jedna je od najbrutalnijih priča među poznatima

Do 10. godine zaradila je toliko da je već tada kupila obiteljsku kuću, a njezina  smrt jedna je od najbrutalnijih priča među poznatima

ФОТО: Википедија

 

Поврзани содржини