НЀ ПРИБЛИЖИ ДО ИДНИНАТА ВО КОЈА НИКОЈ НЕ УМИРА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ НЕКОЈ ДРУГ Почина жената на која ѝ беше пресаден свински бубрег

Лиза Писано не беше првата личност на која и беше извршена трансплантација на свински орган, но беше првата со механичка пумпа за срце на која и беше трансплантиран свински орган.

621

Лиза Писано, првата личност која добила механичка срцева пумпа и генетски преуреден свински бубрег, почина во неделата, соопшти Ен-вај-ју Лангон Хелт каде што била оперирана.

Нејзиниот бубрег бил трансплантиран на 12 април, но откажал поради ограничениот проток на крв и бил отстранет на 29 мај. Таа не беше првата личност на која и беше извршена трансплантација на свински орган, но беше првата со механичка пумпа за срце на која и беше трансплантиран свински орган.






– Таа беше храбра и беше алтруист. Придонесот на Лиза во медицината и хирургијата е непроценлив. Лиза нè донесе поблиску до иднината во која некој не мора да умре за да преживее некој друг – рече во вторникот д-р Роберт Монтгомери.

 

Поврзани содржини