НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА СО ПРОМЕНЛИВИ ТЕМПЕРАТУРИ Поладно за време на викендот
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.
Под влијание на циклонска активност, неделава пред нас ќе имаме многу променливо време со чести локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. На планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, а кон крајот на седмицава врнежи од дожд и од снег ќе има и во дел од градовите особено во западните и во северните предели од Македонија, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски на својот портал Метеоаларм.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, меѓутоа за време на викендот температурите ќе опаѓаат и тоа поради продор на поладен воздух од север.
Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.