МЗТ ЈА СОВЛАДА ЦЕДЕВИТА, ПЕЛИСТЕР ИЗГУБИ ОД ПОДГОРИЦА Тимовите ги одиграа последните натпревари во АБА 2

За МЗТ Скопје ова беше трета победа во шестиот натпревар во групата А во која го освои третото место. Со една победа и пет порази Пелистер заврши последнопласиран во групата Ц.

130

Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром и вицешампионот Пелистер вечерва ги одиграа последните натпревари од оваа сезона во кошаркарската АБА 2 лига, забележувајќи половичен успех.

МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен ја совлада Цедевита со 87-82, предводен од репрезентативецот Војдан Стојановски, кој постигна 17 поени.






За МЗТ Скопје ова беше трета победа во шестиот натпревар во групата А во која го освои третото место.

Предноста од домашен терен не успеаја да ја искористат кошаркарите на Пелистер кои вечерва загубија во Битола со 74-93 од Подгорица.

Со една победа и пет порази Пелистер заврши последнопласиран во групата Ц.

Поврзани содржини