МЗ: Отворени се термини за вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

552

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години.

Термините се отворени од вечерва и граѓаните од оваа возрасна група кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, истите да се пријават кај својот матичен за да им закаже термин за вакцинација. Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.






Вакцинацијата продолжува согласно Националната стартегија за ковид имунизција со приоритет врз основа на возраст, во оваа фаза ќе бидат опфатени возрасни лица, односно постари – категорија што секако е опфатена со најголем број на хронични болести, со висок ризик за тешка форма на ковид-19, компликации и смртен исход.
Поврзани содржини