МВР спроведува голема акција во повеќе градови, уапсени се шестмина криумчари на мигранти

Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

1,627

Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што денеска ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група.

Акцијата за разбивање на група на криумчари на мигранти се спроведува во Скопје, Штип, Велес, и Валандово.






Според изворите од истрагата кај криумчарите е пронајдена и дрога.

Од МВР потврдуваат дека во тек е акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Поврзани содржини