МВР со засилени контроли на спроведување на мерките на владата поврзани со коронавирусот

Од МВР апелираат граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречување на ширењето на корона вирусот.

223

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека формира Кординативно тело за спроведување на мерките поврзани со состојбата со Ковид 19.

Како што е соопштено, МВР ги презема сите мерки и активности со цел заштита на граѓаните, а за сите преземени мерки ќе ја информира јавноста преку Одделот за односи со јавност, во координација со другите институции.






Полициските службеници вршат и ќе вршат засилени контроли во врска со спроведувањето на мерките што ги презема Владата со цел справување со проблемот со Ковид 19.

Од МВР апелираат граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречување на ширењето на корона вирусот.

„Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението.

МВР, како што се потенцира, презема соодветни мерки и активности и за заштита на своите вработени преку набавка на средства за дезинфекција, заштитни ракавици и други средства за сите полициски службеници.

Поврзани содржини