МВР РАСПИША ОГЛАС ЗА ПРИЕМ НА 150 ПОЛИЦАЈЦИ Кандидатите ќе поминат една година обука и тренинг

Обуката се одвива во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи кој се стреми да биде еден од најдобрите и најелитни центри за обука во Европа, соопти МВР.

276

Министерството за внатрешни работи распиша конкурс за прием на 150 униформирани полициски службеници. Може да се пријави кој било млад човек, со завршено средно образование, кој е повсок од 170 сантиметри, ако е маж, односно од 160 сантиметри, ако е жена. Примените кандидати ќе добијат едногодишна обука.

„Биди полицаец. Биди хуман. Создај ред. Чувај ги граѓаните. Поседуваш храброст, солидарност и чесност. Висок морал, интегритет и дисциплина. Ако тоа се твоите човечки квалитети, тогаш полицијата е вистинскиот избор за тебе. Улогата на полицијата е клучна во едно општество, бидејќи таа е гарант на безбедноста, сигурноста и владеењето на законот“, се вели во повикот од МВР.






Ако се одлучиш да го следиш својот повик, да го прифатиш предизвикот, те очекува едногодишен интензивен процес на образование, тренинг и обука, се додава во повикот.

„Обучувачите и менторите кои се квалификувани експерти во своите области, ќе бидат секојдневно со тебе додека ги усвојуваш правните и другите теориски знаења, полициското делување и тактики и сите други практики со кои изобилува полициската обука. Обуката се одвива во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи кој се стреми да биде еден од најдобрите и најелитни центри за обука во Европа. Центарот кој е со стекнати меѓународни акредитации ќе те подготви максимално професионално да ја извршуваш полициската професија. Преку следење на современите трендови, центарот постојано се унапредува за врвна професионална едукација и специјализации на вработените во безбедносните структури, со имплементација на најдобрите практики и меѓународни искуства од врвните европски и светски полициско безбедносни стандарди. Овде е вистинското место за сите млади и амбициозни луѓе со желба за личен професионален развој и напредок“, додава МВР во повикот до младите лица.

Кандидатите треба да се полнолетни државјани на Македонија, не постари од 25 години.

 

Поврзани содржини