МВР КАЗНУВА ЗА НЕПРОПИСНО ЗАТЕМНЕТИ СТАКЛА За недела дена санкционирани 40 возачи
При контролата санкционирани се 40 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР, додавајќи дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Министерството за внатрешни работи, во периодот од 14 месецов до вчера, спроведе акциска контрола за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.
„При контролата санкционирани се 40 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, соопштуваат од МВР, додавајќи дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.