МВР и ДИК ќе ги решаваат дилемите за воведување на отпечаток од прст за изборите
Даштевски и Спасовски ја нагласиле потребата од законски измени со кои би се утврдил начинот на користење на отпечатокот од прст во текот на изборниот процес.
МВР и Државната изборна комисија да формираат заедничка работна група, која ќе ги реши сите дилеми и разлики во текот на постапката за воведување на отпечаток од прст во изборниот процес, но и нужноста од генерална стратегија за сајбер безбедност. Ова го предложил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната работна средба со претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на која се разговараше околу измените на Изборниот законик, за воведување на отпечаток од прст во изборниот процес.
Според МВР, од претставниците на ДИК била побарана поддршка од МВР за достапност на одредени лични податоци на граѓаните кои ќе учествуваат во изборниот процес, во насока на спроведување беспрекорни фер и демократски избори со целосен легалитет и легитимитет на изборниот процес.
Даштевски и Спасовски ја нагласиле потребата од законски измени со кои би се утврдил начинот на користење на отпечатокот од прст во текот на изборниот процес.