📷 МВР ГО СЕФТОСА МЕДИКОПТЕРОТ Пациент од Скопје итно префрлен во Виена

Директорот на болницата „8 Септември” рече дека во најкраток можен рок биле набавена и вградена најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти во медикоптерот.

1,298

Со медицински хеликоптер (медикоптер) во сопственост на Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска беше транспортиран пациент од Скопје до Австрија, што е прв меѓународен лет од ваков вид реализиран од Македонија.

Директорот на болницата „8 Септември” д-р Христијан Костов рече дека во најкраток можен рок биле набавена и вградена најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти во медикоптерот за итен медицински транспорт. Тој се заблагодари на кооперативноста на МВР во реализирањето на оваа хумана мисија.






– Заедно со Министерството за внатрешни работи ја утврдивме медицинската и безбедносната маршута на движење на медикоптерот, со цел безбедно пристигнување на нашиот пациент во придружба на искусен медицински тим за интензивно лекување до Клиниката во Виена – рече Костов.

На настанот присустуваа дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.

– Оваа хумана мисија ја демонстрира кооперативноста на двете министерства за внатрешни работи и за здравство, но и го потенцира значењето на интеграцијата на модерните технологии и ресурси во спасувачките и медицинските операции – изјави Бојамацалиев.

Поврзани содржини