МВР ГИ ПОТВРДИ ДОЈАВИТЕ „Палас“, „Мериот“, 15 училишта во Скопје и во Битола, Ист Гејт, ФФМ и Аеродромот

Од „Александар палас" се авакуираат гостите и вработените. Откажана е и денешната годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Меѓу учесниците на конференцијата во „Александар Палас" беа и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.

1,102

Министерството за внатрешни работи за Плусинфо ги потврди информациите дека до нив се добиени дојави за поставени експлозивни направи во два хотели во Скопје, трговскиот центар Ист гејт, 15 улилишта во Скопје и во Битола, како и зградата на ФФМ, спортската сала „Борис Трајковски“ и аеродромот во Скопје

– Дo сега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите – нѐ информираа од МВР.






Од „Александар палас” се авакуираат гостите и вработените. Откажана е и денешната годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија на која требаше да се обрати премиерот Димитар Ковачевски. Меѓу учесниците на конференцијата во „Александар Палас” беа и министрите за економија Крешник Бектеши и за финансии Фатмир Бесими.

Ова е прв случај на дојава за поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари.

Се евакуираат патниците и вработените и на Скопскиот аеродром. Откажани се сите летови и повикана полицијата да изврши проверка.

Привремено е затворен и се вршат проверки и во „Ист гејт мол”.

Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките посочија дека се лажни,

СКОПЈЕ ПОВТОРНО ВО ПАНИКА Дојави за бомби на меѓународниот аеродром, во хотелот „Александар Палас“ и во салата „Борис Трајковски“

Поврзани содржини