МВР ЌЕ ПРАВИ ГЕНЕРАЛНА ПРОБА ПРЕД САМИТОТ НА ОБСЕ Еве кои улици утре ќе бидат затворени во Скопје
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (28.11.2023 година) од 09 до 12часот ќе одржи генерална проба пред Министерскиот совет на ОБСЕ закажан за 29 и 30 ноември во СРЦ „Борис Трајковски”.
– Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Имено за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: бул. Илинден од крстосница со бул. Св.Климент Охридски до крстосница со ул. Љубљанска и бул. 8 Септември од крстосница со ул. Скупи до крстосница со бул. Партизански Одреди – информираат од МВР.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.