МВР: 139 казни за непрописно престигнување, 66 за возење под дејство на алкохол

Од МВР најавија дека се продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

192

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување и возење под дејство на алкохол, прекршоци кои се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.

На територијата на целата држава, соопштија денеска од МВР, санкционирани се 139 возачи за непрописно престигнување, а 66 возачи затоа што возеле под дејство на алкохол. Санкционирани се и 418 други прекршоци.






Од МВР најавија дека се продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Поврзани содржини