МУЗИЧКО-ТЕАТАРСКИОТ СПЕКТАКЛ „МУЗИЧКА BEAT-КА“ ВО СКОПЈЕ Две изведби на 28 февруари во НОБ

Претставата „Музичка beat-ка“ ќе се одигра пред скопската публика на 28 февруари (сабота), на големата сцена на Националната опера и балет (НОБ), со две изведби - во 14 и во 16 часот.

28

Новиот музичко-театарски спектакл „Музичка beat-ка“ со омилените ликови од 5+ Фамилија, кој веќе ја освои публиката во Велес и во Битола со силни емоции, искрени насмевки и долги аплаузи, доаѓа и во Скопје. Овој уникатен проект се реализира во рамки на кампањата „Сонуваме.Менуваме“, која Стопанска банка ја спроведува седма година по ред, со доследна цел – да ја подигне јавната свест и да придонесе кон поголема инклузија на лицата со попреченост во нашето општество.

Претставата „Музичка beat-ка“ ќе се одигра пред скопската публика на 28 февруари (сабота), на големата сцена на Националната опера и балет (НОБ), со две изведби – во 14 и во 16 часот. Билетите по цена од 250 денари се достапни онлајн и на денот на настанот во билетарницата на НОБ. Но, тоа не е само билет за претстава, туку и билет за поддршка, солидарност и конкретна помош. Секој купен билет е директна донација за проекти на асоцијации кои работат со деца со попреченост, овозможувајќи им подобри услови, нови можности и повеќе причини за радост.






Седум години по ред, преку „Сонуваме.Менуваме“, Банката заедно со граѓаните создава вистинска заедница на добрина преку игра, песна, музика, но и преку донации кои оставаат траен белег. „Музичка beat-ка“ е уште еден чекор во мисијата уметноста да биде мост меѓу различностите и сцена на која секој има свое место.

Спектаклот се реализира во соработка со ОXО продукција, а на сцената заедно настапуваат популарните ликови од „5+ Фамилија“ и нивните другарчиња со попреченост. Тие не се само учесници во претставата, туку рамноправни ѕвезди на сцената, кои преку музика и танц испраќаат силна порака дека различностите не нѐ разделуваат, туку нè збогатуваат. Публиката не сведочи само на уметнички настап, туку на искрена лекција за прифаќање, емпатија и заедништво.

Стопанска банка останува посветена на мисијата да изгради подобар и поправеден свет за сите, свет во кој секое дете има можност да сонува, создава и да биде прифатено без предрасуди. Затоа, оваа претстава е повик за заедничка акција, отворање на срцата и за поддршка таму каде што е најпотребна.

Поврзани содржини