Музичката индустрија денеска молчи во чест на убиениот Џорџ Флојд

327

Музичката индустрија денеска ќе ја прекине работата на еден ден, како реакција на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако во текот на апсењето полицаецот Дерек Шовин клечејќи го притискал со коленото врз вратот, по што се задушил.

„Сони мјузик“, „Атлантик рекордс“, „Капитол мјузик груп“, „Ворнер рекордс“ и „Деф џем“ се некои од дискографски куќи кои ја покренаа кампањата „Шоуто мора да паузира“ (#TheShowMustBePaused) во знак на протестот поради смртта на Флојд.






Вработените денеска се слободни за да учествуваат во денот на акцијата, а денот е прогласен за „ден на акција, чија цел е да се влијае одговорноста и промените.

Interscope вети дека нема да објавува нова музика оваа недела, додека Ебро Дарден од Apple Music ги откажа своите радио-емисии.

Бројни sвезди се изјаснија по повод смртта на Флојд.

Ријана објави на Инстаграм за лутината и тагата што ги доживеала во текот на последната недела.

„Кога гледам како моите луѓе ги убиваат и линчуваат од ден во ден, тешко ми е на срцето“, напишала Ријана.

Бијонсе објави видео на Инстаграм, барајќи од обожавателите да ја потпишат петицијата во која се бара правда за Флојд.

„Сите бевме сведоци на неговото убиство среде ден“, напишала Бијонсе и додала дека сите се скршени и згрозени.

Речиси и да нема јавна личност во Америка кои не го коментираа случајот Џорџ Флојд.

Леди Гага на својот Твитер објави дека гласот на црната заедница е замолчен долго време и дека смртта на Џорџ Флојд е резултат на системски расизам и корумпиран систем.

Тејлор Свифт го изрази својот гнев кон претседателот Доналд Трамп на Твитер, а претседателот не беше поштеден и од фронтменот на „Ганс ен роузес “, Аксел Роуз, кој се обрати директно до Трамп, одговарајќи на неговиот твит.

Аријана Гранде, Џ. Кол, Тинаше, Ник Канон, Јангблад, Камила Кабело и Шон Мендес им се придружија на протестите одржани низ цела Америка во текот на викендот.

Поврзани содржини