Мутацијата на коронавирусот за која сите зборуваат првпат е регистрирана во април, еве каде
Било која од тие мутации можеби е веќе видена на некое друго место, како N501Y , но изгледа дека оваа констелација на повеќекратна мутација е сосема нова, додал тој.
Мутацијата за која се стравува дека коронавирусот го прави многу позаразен, првпат се појавила во Бразил пред повеќе од осум месеци, откриле научниците, пишува Телеграф.
Студиите покажуваат дека мутацијата, именувана N501Y, забележана е во Јужна Америка во април, а подоцна се појавила во Австралија и САД. Мутацијата се појавила во таканаречените „спики“ во протеинот, дел од вирусот кој се врзува за клетките и предизвикува болест, делот на кој е и упатена вакцината против ковид-19, пренесува Јутарњи лист.
Научниците кои работат за британската влада се сѐ поуверени дека N501Y е една од 23-те одвоени мутации во новиот слој и дека се пренесува 70 отсто побрзо, можеби поради зголемувањето на концентрацијата на вирусот во устата и во носот. Водечките научни советници објаснуваат дека N501Y не предизвикал голема паника на почетокот на годината бидејќи не успеал да се пробие до поголем број луѓе.
Но, тие се уверени дека констелацијата мутацијата во нов вид, која можеби ја придвижува N501Y , е причина за неговата зголемена инфективност.
– Кога ќе се спојат различни мутации, нивната комбинација може да има поинаков ефект – вели професорот Питер Хорби, претседател на советодавниот одбор на британската влада за респираторната болест Нервтаг.
– Било која од тие мутации можеби е веќе видена на некое друго место, како N501Y , но изгледа дека оваа констелација на повеќекратна мутација е сосема нова, додал тој.