МУСЛИМАНИТЕ ГО СЛАВАТ РАМАЗАН БАЈРАМ Празник за духовно и за телесно прочистување
Рамазан Бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста.
Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување.
По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.
Рамазан Бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста.
Празникот Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани во државава.