📽 МУРИЊО СЕ ПРИСЕТИ КАКО ТРЧАШЕ КОГА ЈА СОБОРИ БАРСЕЛОНА ВО 2010 ГОДИНА Најемотивниот момент во кариерата на познатиот тренер

Играњето со 10 играчи толку долго го направи овој натпревар апсолутно неверојатен од емотивна гледна точка. Ако треба да изберам еден најемотивен настап на мојот тим во овие 20 години – тоа е тоа, изјави легендарниот тренер за Би-Би-Си.

390

Најемотивниот момент во кариерата на легендарниот Жозе Мурињо веројатно е моментот кога истрча на теренот по победата на Интер врз Барселона на Пеп Гвардиола во 2010 година. Познатиот тренер за Би-Би-Си раскажа што се случи на „Камп Ноу“ откако Тиаго Мота доби црвен картон во 28. минута.

Иако Жерар Пике постигна гол за Барса на шест минути до крајот, Интер го одржуваше водството со играч помалку речиси цел натпревар. Крајот на мечот ги ослободи емоциите кај Мурињо, упадна во радосен спринт низ теренот.






Мурињо беше толку возбуден што ги крена рацете кон трибините, а притоа голманот на Барса, Викто Валдес, проба да го сопре.

– Тоа значеше да се победи најдобриот тим во Европа во тоа време. А фактот што речиси никој не веруваше дека тоа е можно даде дополнителна мотивација. Играњето со 10 играчи толку долго го направи овој натпревар апсолутно неверојатен од емотивна гледна точка. Ако треба да изберам еден најемотивен настап на мојот тим во овие 20 години – тоа е тоа – изјави Мурињо.

Интер потоа го совлада Баерн Минхен со 2-0 во финалето и освои тројна круна во сезоната 2009/2010.

Интер вечерва повторно ќе се соочи со Барен Минхен.

 

 

Поврзани содржини