Мултилајнари!

1,635

Како должници трпиме предавничка власт која со политички испади почувствувани како стресови, нѐ уверува дека ги презела принципите на западната демократија и успешно ја води државата по единствениот за нас можен европски пат. На истурени позиции, предничат недоветниот престолонаследник на премиерското место и забеганиот претседател на државата, секој за себе, но, „идејно“ поврзани и раководени од ист центар.

Се покажаа „мулти“ верзирани инструирани манипуланти кои со своите лични политички потези полни со евтина демагогија, бескрупулозни лаги, самоволие – безвластие преплетено во корупција, материјален и духовен грабеж изведуван со невиден цинизам, политичките, па и криминалните случувања во државава настојуваат да ги релативизираат, со намера да се изедначи анархијата која ја практикуваат со демократијата, и крајна цел, измалтретираниот народ (Македонците) да се приволи силум или милум да ги прифати погубните натурени туѓи насоки, за кои имаат преземено обврска да ги исполнат.






Управувани од коалициската албанска владејачка мафија која ги има седнато во  скутот, ја доведоа државата во безизлезна психопатска ситуација. Дозволија со активно работење да го нарушат елементарниот принцип за демократија – волјата на мнозинскиот македонски народ ја узурпираа, предадоа, наметнувајќи им ја волјата на малцинствата, пред сѐ, на Албанците. На ум не им паѓа како власт да преземат лична одговорност за криминално предозираното лудило кое го наметнаа како метода на нивното владеење, од што, на најтрагично срамен начин планирано се распаднаа институциите и комплетниот конститутивен систем на државата.

Надуеното его, никако да им пукне. Напротив, тоа и понатаму се дуе со чудесно неконтролирана искажана недоветност и чудно чувство на сигурност, кое не е случајно. Деновиве бесрамникот – самонаречен премиер, ја искористи трагичната ситуација во распаднатото здравство за да се огласи со несфатлива смирувачка заповед – да не се прави сензација од случајот, бидејќи се работи за криминал кој е мултипартиски, мултинационален, мултиетнички, па дури и мултикултурен…(?!) Мулти, мулти, мулти… мултилајнарот недоветен алудираше на наводни мултиетнички специфичности во државата кои се одразувале и во криминалот, па вината и одговорноста треба претпазливо да се лоцира и споделува, подалеку од него, бидејќи не е од сегашното време и одредени луѓе кои се сега на власт. Да не остане покусо, во косовската амбасада, по него, уште погласно со мулти, мулти… мулти… обраќање од „мултиетничката, мултиконфесионалната, мултинационалната држава…“ се огласи „туѓиот ксмет“ – нашиот забеган претседател на државата, кој полн со љубов и разбирање пред Косоварите гости лицемерно се лигавеше, па играјќи го ороспиското додворување (демек, да помогнат одново да биде избран…), им прозборе и на албански…

Двајцата, искористија одново да ја потенцираат и поддржуваат колективистичката идеологија на ДУИ и како нивни портпароли да го бранат воспоставениот простачки и наметнат мултиколективистички систем во кој живееме – во планирана криминална блокада на секојдневниот практичен живот, со престанок на сите неопходни општествени функции. Блокиран е живот, но не и криминалот кој нѐ битиса. Сакаат широкоградо да го споделат и расеат, иако, како власт, со години го толерираат и „усовршуваат“. Сакаат да се арисаат самите себе, но и балистичките водачи кои раководат со државата, со единствена намера да ја опљачкаат и растурат… да не постои Македонија, да се преобрази…

Како поддржувачи и заробеници на туѓа агенда која силеџиски се обидуваат да ја спроведуваат во македонската држава, продолжуваат името на Македонија и македонскиот народ и во најзначајни прилики намерно да го игнорираат, избегнувајќи да ги споменуваат. Притоа, не пропуштаат со гордост да ја потенцираат и форсираат     „мултиетничноста и мултиконфесионалноста“…, како констититутивни елементи на „мултинационалната држава“, со што, оживеано и разјарено егзистираат колективитети и етнички групи како збирштина на некакви „мултиколективни заедници“, какви има само кај нас.

И овој пат, подопашкарите се ставија во фактичка и идејна одбрана на албанското малцинство во Македонија, чии политички партии со своите криминално способни кадри не само што ја испокрадоа државата и економски зајакнаа, туку успеаја плански да ги раздробат до непрепознатливост сите институции во кои кладоа рака. Фактички, потпомогнати од Македонците во власта ја насочија државата како партнерска, меѓу македонскиот народ и албанското малцинство, со што се брише смислата и се изместува односот на „малцинство“ и „мнозинство“. Со тоа се негира и историскиот факт дека АВНОЈ-ска, односно АСНОМ-ска Македонија е конституирана како национална држава врз основа на мнозинскиот македонски народ, а не, дека е таа некаква мултинационална, во која се губи и смислата на името Македонија и нејзиниот Устав.

Македонија го изгуби името, а Уставот ѝ личи на алваџиски тефтер. Таа не е ниту АВНОЈ-ска, ниту АСНОМ-ска, ниту ОНАА која ја изгласавме како самостојна Р. Македонија…, туку е претворена во намерно натурен конгломерат од нации меѓу кои е и македонската. Разликата е во тоа што само таа останува без своја матична држава, а тоа значи дека ваквата усмерена промена на базичната етничка структура како на конституент на македонската државност, е погубна само за македонската нација. Неминовно води кон нејзино маргинализирање и целосно исчезнување од историската сцена. Тоа е во склад со големоалбанската стратегија, спроведувана од нашите предавници во власта. Тоа е барањето на албанските партии за државотворност, односно, за втор државотворен народ. Тоа е демакедонизација, или, отворена заложба за истиснување на мнозинската македонска нација и нејзино, веќе започнато исчезнување во сопствената националната држава која не го носи името Македонија.

Ова политичко насилство пропратено со криминал и доза на доброволност, кое неминовно води кон распарчување на македонската држава, доведе да се блокира секојдневниот живот. Оваа блокада се случува плански, за да се продуцира нов конститутивен народ на колективистичка база, во „мултиетничка држава“, (нова творба), со бришење на граѓанското општество…

Ова што сега се случува во Македонија, политиката која ја спроведува оваа комбинирана криминална власт, нема врска со европските вредности кои подопашкарите во секоја прилика ги величаат. Власта, предводена од големоалбанските обогатени, ојачани, окуражени криминалци… не само што нѐ трасира, туку го руши секој белег на граѓанско општество, во кое индивидуата – граѓанинот е носител на суверенитетот на државата, а колективните права се во втор план и се регулирани со меѓународни документи.

Оваа ненародна, фашистичка власт, упорно и брзо гради измислена мултиколективистичка – мултиетничка, мултинационална држава, како што во своите излагања со заложба ни потенцираа нашите мултилајнари. Ни потенцираа дека кај нас функционираат етнички клучеви на кои мора да се прилагодиме и да ги почитуваме, подвиниме – применуваме, почнувајќи од образованието, администрацијата, стопанството… па дури и криминалот во здравството кој сега ни се случува, закитувајќи го со нова кованица, дека е и „мултикултурен“?!

Еј, невидена глуперда! Еј предавници на родот свој (а, Македонци се?!). Тие, мултилајнарите отворено ни ја опишаа грдата и опасна слика на политичката и фактичката реалност во која како власт ја втурнаа државата и народот како нивен заробеник, како заробеник на умоболни умови, кои (повторувам за да се свестиме!) упорно ја спроведуваат туѓата, за нас Македонците и македонската држава, погубна и поробувачка политика, која не само сега, туку и во иднина уште потрагично ќе ја доживееме… Тоа е нашиот суден пат за Европа, или…?

Поврзани содржини