Мукоко е најмлад стрелец во Бундеслигата  

219

Тинејџерот Јусуф Мукоко синоќа испиша нова страница во европскиот фудбал, откако стана најмладиот стрелец во историјата на Бундеслигата.

Мукоко го постигна единствениот гол во поразот на Борусија Дортмунд од 2:1 на гостувањето кај Унион Берлин во премиерниот натпревар од 13. коло во Бундеслигата, станувајќи најмлад стрелец во историјата на германскиот елитен фудбал со 16 години и 28 денови.






Подвигот на Мукоко доаѓа неполни две недели, откако стана најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампиони со 16 години и 18 денови, постигнувајќи гол во триумфот на Борусија Дортмунд над Зенит во последното коло од групната фаза.

Поврзани содржини