📽️ МУКАЛА ГОРИ, РИЈАД И АБУ ДАБИ НА РАЗДЕЛНИ ПАТИШТА „Браќата по нафта“ ги скршија копјата во Јемен

Саудиска Арабија ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен и е против ширењето на иранското влијание преку бунтовнците Хути. Од друга страна, бединетите Арапски Емирати отворено ги поддржуваат сепаратистичките сили од Јужниот преоден совет, кои се борат за автономија и обновување на поранешниот Јужен Јемен со седиште во Аден.

321

Браќата по нафта, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати веќе не се браќа — туку ривали во неиспишана војна. Сирените рано наутро го разбудија јеменскиот пристаништен град Мукала. Саудиските авиони го бомбардираа пристаниште поради, како што тврди Ријад, испорака на оружје што пристигнало од Емиратите за сепаратистички сили.

Погодени се два брода и складишта со оружје и борбени возила, што Ријад го опиша како „црвена линија“ во националната безбедност, додека Јеменскиот Совет соопшти дека ситуацијата жестоко ескалирала.






Саудиската државна агенција наведува дека ударите биле ограничени и прецизни, насочени кон оружје и воени возила истоварени од два брода со исклучени уреди за следење.

Според саудијската страна, нападот бил извршен во текот на ноќта за да се избегне колатерална штета.

Не е познато дали има жртви.

 

Саудиска Арабија ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен и е против ширењето на иранското влијание преку бунтовнците Хути. Од друга страна, Обединетите Арапски Емирати отворено ги поддржуваат сепаратистичките сили од Јужниот преоден совет, кои се борат за автономија и обновување на поранешниот Јужен Јемен со седиште во Аден.

Сенката меѓу Ријад и Абу Даби

Овој напад, според аналитичарите, е уште еден доказ за продлабочената недоверба меѓу Саудиска Арабија и ОАЕ — сојузници во јавноста, но ривали на теренот. Противречните интереси околу контрола на јужниот Јемен ја туркаат коалицијата кон тивка, но реална војна.

Експертот Мохамед ал-Баша изјави дека на социјалните мрежи се појавиле видеа со нови оклопни возила во Мукала по пристигнувањето на пратката, што укажува дека вооружувањето на сепаратистите продолжува и покрај забраната.

– Може да се очекува „калибрирана ескалација“ од двете страни. Саудиска Арабија има целосна контрола врз воздушниот простор, што значи дека може да го ограничи дотурот на оружје од Емиратите – рече ал-Баша.

 

Хутите против сите

Нападот во Мукала следи по претходните воздушни операции врз позиции на сепаратистите во петокот, кои Ријад ги толкува како предупредување.

Војната, започната како борба против Хутите, се претвора во сложен судир на регионални амбиции, Саудиска Арабија настојува да ја зачува целината на Јемен, додека Абу Даби поддржува автономен Југ.

Во моментот, најмалку 20.000 војници на различни фракции се подготвени за можен контранапад во јужниот дел од земјата, каде што линиите на фронтот повторно се замаглуваат.

Односот меѓу Хутите и Јужниот преоден совет е суштински непријателски, бидејќи и двете страни имаат територијални и идеолошки цели што се исклучуваат меѓусебно. Хутите настојуваат да ја зацврстат својата доминација во северот, додека советот, поддржан од Обединетите Арапски Емирати, се бори за автономија или независност на југот.

Така, во сегашната конфигурација на јеменската војна, Хутите се спротивставени и на централната влада и на сепаратистите од југот, претставувајќи трета, самостојна и највоено организирана сила во земјата.

Поврзани содржини