МУДРАТА МЕРЛИН ВО СИНО Портретот на познатата актерка проценет на 200 милиони долари

Станува збор за делото „Shot Sage Blue Marilyn“ („Мудрата Мерилин во сино“) насликано 1964 година, соопштија од „Кристи“.

713

Аукциската куќа „Кристи“ објави дека во мај ќе се продава портрет на Мерилин Монро од американскиот поп-арт“ уметник Енди Ворхол. Сликата е проценета на 200 милиони долари.

Станува збор за делото „Shot Sage Blue Marilyn“ („Мудрата Мерилин во сино“) насликано 1964 година, соопштија од „Кристи“. Познатата слика сега ѝ припаѓа на Фондацијата на Томас и Дорис Аман од Цирих. Средствата ќе бидат наменети за децата ширум светот и подобрување на животот преку здравствени и образовни програми.






„Сите приходи ќе одат во добротворни цели“, соопшти аукциската куќа.

Енди Ворхол (1928 – 1987) се смета за еден од најважните претставници на „поп-артот“. Насликал обвивки за неколку прехранбени производи, меѓу кои и „Кока-кола“. Познат е и по портретите на холивудските икони, а осмислил и омоти за два албума на рок-групата „Ролинг стоунс“.

Поврзани содржини