МУЦУНСКИ ВО ДЕЈТОН НА ПОКАНА ОД САД Ќе се дискутира мирот на Балканот

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, ќе учествува на пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, Охајо - фокусот е на мирот, безбедноста и евроатлантската иднина на регионот.

93

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на конгресменот Мајкл Тарнер – шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО – од утре ќе престојува во Дејтон, Охајо, по повод 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Посетата на Муцунски е во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО, каде што ќе земе учество на 2 значајни настана од официјалната програма. Првиот е панел-дискусија, посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан, а вториот е пленарната седница со која ќе биде затворена сесијата.






Покрај тоа, министерот ќе присуствува и на работна вечера, организирана за регионални лидери и високи гости, каде што ќе се дискутира за мирот, безбедноста и за просперитетот на Балканот. Ќе бидат разгледани предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот, потребата од обновен меѓународен ангажман, како и напредокот на секоја земја на патот кон евроатлантска интеграција.

Посебен акцент на настанот ќе биде ставен на значењето на Дејтонскиот договор за постигнување и зачувување на мирот во Босна и Херцеговина, како и на неговата поширока улога за стабилноста на целиот регион.

Поврзани содржини