Муцунски: ВМРО не е акционерско друштво па да се „преземе“

1,651

Тимчо Муцунски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук пред малку објави реакција по интервјуто на градоначалникот Митко Јанчев за порталот Фокус.

„За мене терминологијата е многу значајна. „Преземање” се прави на корпоративен ентитет. Постојат повеќе видови на преземања коишто ги познава современото корпоративно управување. За разлика од корпоративниот свет, во науката за политиката и политичката пракса статусот/функцијата во демократските земји се здобива преку демократски методи. „Демократија” и „преземање” се веројатно два најдалечни поими во еден современ политички систем. Во таа смисла, ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво, туку политичка партија. Оттука, легитимитетот го дава и го одзема највредниот дел од партијата – членовите“, порачува Муцунски.






За мене терминологијата е многу значајна.“Преземање” се прави на корпоративен ентитет. Постојат повеќе видови на…

Тимчо Муцунски / Timco Mucunski 发布于 2020年7月31日周五

 

Поврзани содржини