Муцунски: Секоја недела има застрашувачки скандали, имаме систем во кој нема „р“ од реформа

Муцунски заклучи дека се потребни итни промени, бидејќи држава оди кон распад.

266

Тимчо Муцунски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа говореше за корупциските скандали на актуелната власт.

– Навистина е загрижувачки тоа што се случува секојдневно, и ние ако следиме веќе месеци наназад јас би рекол на секоја недела има некој ваков вид на застрашувачки скандал во нашето општество. Корупција од највисоко политичко ниво и постојано истите луѓе ги гледаме дека се вмешани. А, од власта, од истражните органи, од тие што имаат одговорност да се борат против високата корупција има само молк – рече Муцунски.






Според Муцунски, најголемиот проблем е очигледната спрега помеѓу политичкото лидерство и системот на јавно обвинителство, правосудниот систем.

– Нашите граѓани не заслужуваат ваква власт. Гледаме дека се работело за суми од 250.000 евра, а вмешани се поединци поврзани високо во власта. Видовме дека МВР постапило за овој случај во време на Наќе Чулев, а СДСМ што правеле? Кинеле страници, менувале кривични пријави и Обвинителството треба да го истражи овој случај, ама и Обвинителството треба само да се истражи.  Затоа што гледаме дека има јавни обвинители кои ја злоупотребуваат службената положба, затоа младите заминуваат, треба да се избориме за реална, а не за фиктивна правда. Дополнително, обвинителството треба да даде одговор и за криминалот – рече Муцунски коментирајќи го последниот скандал со 250.000 евра за Вице Заев од РЕК Битола.

Според него, мора да се стави крај на грабежот на државата.

– Сега имаме систем во кој нема „р“ од реформа, нема ни еден капитален проект – кажа Муцунски.

Муцунски заклучи дека се потребни итни промени, бидејќи држава оди кон распад.

Поврзани содржини