МУЦУНСКИ ИНИЦИРАШЕ СРЕДБА СО НОВАТА КОЛЕШКА ОД БУГАРИЈА „Ѝ посакав на Надежда Нејнски успех, добрососедство и соработка“
Шефот на македонската дипломатија ѝ честиташе на новоименуваната бугарска министерка за надворешни работи Надежда Нејнски и ѝ посака успех во мандатот. Тој обзнани дека предложил и билатерална средба, нагласувајќи дека односите треба да се градат врз добрососедство и конструктивна соработка.
Министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски на Фејсбук објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија Надежда Нејнски.
„Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. Воедно, иницирав билатерална средба која би се реализирала во наредниот период“, пишува Муцунски.