МУЦУНСКИ И МАРТА КОС ЗБОРУВАА ЗА НЕОПХОДНОСТА ДА СЕ ЗАБРЗАAТ ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ Владата е посветена на реформската агенда

На средбата се разговараше за актуелниот статус на македонското ЕУ-досие, заемната посветеност за надминување на актуелните предизвици и неопходноста од забрзување на евроинтеграцискиот процес, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

281

На маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија, кој се одржува во Луксембург, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос.

„На средбата се разговараше за актуелниот статус на македонското ЕУ-досие, заемната посветеност за надминување на актуелните предизвици и неопходноста од забрзување на евроинтеграцискиот процес. Заеднички беше потврдена посветеноста на Владата кон реформската агенда и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, што претставува силна потврда за стратешката ориентација на државата и трасира кредибилен и веродостоен пат кон полноправно членство во ЕУ“, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.






На средбата стана збор и за трагедијата што неодамна се случи во Кочани, при што министерот Муцунски изрази благодарност за поддршката што Европската унија ја покажа, како преку директната помош од земјите членки, така и преку брзото активирање на Европскиот механизам за одговор на кризи.

Во рамки на работната посета на Луксембург, на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, министерот Муцунски вечерва ќе учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, во формат на министри за надворешни работи на земјите-членки и земјите од Западен Балкан.

Поврзани содржини