МУ ВЕТУВАЛ ДОКУМЕНТИ, АМА ОСТАНАЛ БЕЗ 6.650 ЕВРА Турчин бил измамен од свој сонародник

Жртвата исплати 6.650 евра за ветувани документи за работа и престој, измамникот е уапсен во Скопје.

123

30-годишен турски државјанин, K.К. вчера попладне бил уапсен на кеј „Димитар Влахов“. Тој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра.

Според пријавеното, во октомври 2025 година измамникот стапил во контакт со жртвата преку социјална мрежа и ветил дека ќе посредува за добивање документи за работа и престој во државата. Потоа во неколку наврати преку трансакциска сметка му биле исплатени паричните средства.






Откако K.К. престанал да се јавува, оштетениот пријавил во полиција, по што бил приведен. Случајот сè уште се расчистува, а полицијата презема мерки за целосно утврдување на фактите.

Поврзани содржини