МУ ВЕТИЛ НАМАЛУВАЊЕ НА КАЗНА, НО ОСТАНАЛ БЕЗ 890.000 ДЕНАРИ Затвореник од Затвор Прилеп пријавил измама

Осуденик тврди дека во неколку наврати давал пари откако му било ветено дека ќе му се намали затворската казна.

123

Осуденик од прилепскиот затвор пријавил дека бил измамен за 890.000 денари, откако лице му ветило дека ќе му помогне да му се намали затворската казна.

Според пријавата доставена до ОВР Прилеп, измамата се случувала во текот на изминатите два месеци. Осуденикот навел дека лицето К.К. го убедило дека има начин да посредува за намалување на казната, па во неколку наврати му дал пари.

Откако сфатил дека ветувањата не се исполнуваат и дека бил доведен во заблуда, случајот го пријавил во полиција. Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на сите околности.

Поврзани содржини