ЕДЕН ОД ЛИДЕРИТЕ НА СРПСКИ „ОТПОР“ ГО УЧИ СДСМ КАКО ДА ФОРМИРА ОПОЗИЦИСКИ ФРОНТ Манасиевски тврди дека Јован Ратковиќ бил на средба во Скопје
Зошто е важен господинот Јован Ратковиќ? Затоа што станува збор за човек кој е еден од основачите на движењето „Отпор!“ од Србија, кое одигра пресудна улога во соборувањето на српските власти на почетокот на милениумот – рече Манасиевски од ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ одржале средба во Скопје со генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ, чија цел била формирање опозициски фронт, а учесниците имале директни насоки и упатства од Зоран Заев и Зоран Башановиќ, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција.
– Откако не добивме демант од Димитријевиќ за средбата која се одржала во Скопје, денес го откриваме и вториот важен играч во целата оваа игра. Имено, станува збор за Јован Ратковиќ, за кој според јавно достапните информации, знаеме дека е меѓународен секретар и член на претседателството на Социјалдемократската партија (СДС) во Србија, која инаку е дел од Партијата на европски социјалисти (ПЕС) во која членува и македонската СДСМ на Заев.
Зошто е важен господинот Јован Ратковиќ? Затоа што станува збор за човек кој е еден од основачите на движењето „Отпор!“ од Србија, кое одигра пресудна улога во соборувањето на српските власти на почетокот на милениумот.
Според јасните инструкции и насоки од Башановиќ и Заев, тројката составено од Бранко Ружиќ, Јован Ратковиќ и Александар Саша Димитријевиќ, одржала средба во Скопје на која било дискутирано за натамошните дејствија на овој таканаречен опозициски фронт.
За жал, СДСМ се става на услуга на друга партија во друга држава, додека нивната партија во Македонија има рејтинг кој се мери на една рака. СДСМ, предводена од чиракот на Заев, Филипче и неговиот послушник Димитријевиќ, за жал се распаѓа поради послушноста кон врховниот лидер Заев, чиј доказ е неговиот пречек на роденденот на СДСМ. Сè додека СДСM не се дистанцира и не се огради од Зоран Заев, нема да застане на нозе – рече Манасиевски.