МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАВАДАРЦИ Приведени се двајца росоманци

Како што попладнево информираат од Министерството за внатрешни работи, подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони.

1,054

Полициски службеници ноќеска во 02:20 и 02:50 часот во Росоман лишиле од слобода двајца росоманци, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев и на неговото семејство.

Како што попладнево информираат од Министерството за внатрешни работи, подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони.






„Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се додава во соопштението.

Поврзани содржини